Фламанци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фламанците (холандски: Vlamingen) се германска етничка група, кои потекнуваат од Северна Франција и Белгија и зборуваат холандски јазик.[5] Нив најмногу ги има во северниот дел на Фландрија. Тие се една од двете главни етнички групи во Белгија – другата група се Валонците што зборуваат француски. „Фламанците“, како што се нарекуваат, го сочинуваат мнозинството на белгиското население (околу 60 %). Од гледна точка на историјата, „Фламанци” исто така се однесува на жителите од средновековната Фландриска грофовија, вклучувајќи ги и Фламанците кои зборуваат француски јазик или пикардски јазик од краиштата околу Турне (денес во Валонија), Лил и Дуе (денес во Француска Фландрија), кои биле наречени “les Flamands wallons” (Валонските Фламанци).[6]
Прв ред: Елс Дотерман • Лара Фабијан • Петар Паул Рубенс Втор ред:Андреас Везалиус • Еди Меркс • Ким Клајстерс Трет ред: Герард Меркатор • Хендрик Консијанс • Џејмс Енсор | |
Вкупен број | |
---|---|
7,300,000 (проценка од 2011 г.) | |
Подрачја со значајно население | |
Белгија | 6,450,765[1] |
САД | 389,171[2] |
Франција | 187, 750[3] |
Канада | 12,430 - 168,910[4] |
ЈАР | 55,200[3] |
Австралија | 15,130[3] |
Бразил | 6,000[3] |
Сродни народи | |
Австријци, Данци, Холанѓани, Германци, Англичани, Французи, Исланѓани, Норвежани, Швеѓани, Валонци, други германски народи |