Француска книжевност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Француската книжевност го претставува развојот на книжевноста и создавањето на книжени дела на француски јазик. Нејзиниот развој може да се следи од XI век на територијата на Франција па сè до развојот во Канада, Белгија и Швајцарија. Таа се развивала (и се развива) на територијата на денешна Франција.
Според српскиот поет Јован Дучиќ, Французите секогаш биле под туѓо влијание. Така, во времето на ренесансата, француските поети биле под влијание на латинската книжевност, а Ронсаровата школа залудно се обидела да ја хеленизира француската книжевност. Подоцна, и во периодот на Луј XIV, книжевноста била поблиска до латинизмот отколку до хеленизмот, а и поетите од XVIII век продолжиле да ги имитираат латинските поети. Тоа продолжило до моментот кога како книжевни примери биле прифатени Шекспир и Гете. Оттука, според Дучиќ, иако се генијални, Французите отсекогаш ги имитирале имитаторите.[1]