Фудбалска репрезентација на Гибралтар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Гибралтар го претставува Гибралтар на меѓународните фудбалски натпревари, а е контролирана од Гибралтарската фудбалска асоцијација. Гибралтар се пријавил за полноправно членство во УЕФА и бил прифатен од Конгресот на УЕФА во мај 2013 година и затоа може да се натпреварува на Европското првенство почнувајќи со турнирот во 2016 година кога составот се натпреварувал во квалификациите за Европското првентство 2016 во групата Д. На 13 мај 2016 година Гибралтар станал член на ФИФА на 66-от Конгрес на раководното тело што се одржал во Мексико Сити.[2] Гибралтар е најмалата членка на УЕФА во однос на областа и населението.[3][4]
Прекари(и) | Екипа 54[1] | |||
---|---|---|---|---|
Сојуз | Гибралтарска фудбалска асоцијација | |||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | |||
Селектор | Хулио Цезар Рибас | |||
Капитен | Рој Чиполина | |||
Најмногу настапи | Лијам Вокер (44) | |||
Најдобар стрелец |
| |||
Домашен стадион | Стадион Викторија | |||
| ||||
И покрај тоа што не е остров, Гибралтар го одиграл својот прв службен фудбалски натпревар на Островските игри 1993[5] и бил редовен на турнирот, освојувајќи го изданието во 2007 година.[6]