Фудбалска репрезентација на Шведска под 21 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Шведска под 21 година е фудбалска репрезентација на Шведска за играчи на возраст до и под 21 година и е контролирана од страна на шведската фудбалска федерација. Оваа репрезентација постои, откако била изврешена реорганизација на УЕФА Европското првенство за играчи под 23 години, кое било променето во натпреварување за играчи до 21 година во 1978 година. Најголемиот успех на репрезентацијата е токму освојувањето на Европското првенство во 2015 година.
Сојуз | Фудбалска Асоцијација на Шведска | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Хакан Ериксон | ||
Капитен | Оскар Хиљемарк | ||
Најмногу настапи | Оскар Хиљемарк (37) | ||
Најдобар стрелец | Ола Тоивонен (13) | ||
Домашен стадион | Ерјанс Вал | ||
ФИФА код | SWE | ||
| |||
Прв меѓународен натпревар | |||
Финска 1 - 3 Шведска (Васа, Финска; 11 август, 1976) | |||
Најголема победа | |||
Шведска 6 - 0 Кипар (Хелсинборг, Шведска; 1 мај, 1991) Шведска 6–0 Бугарија Халмштад, 6 октомври, 1992 | |||
Најлош пораз | |||
Украина 6 - 0 Шведска (Киев, Украина; 31 мај, 2012) /> matches only. | |||
Европско првенство под 21 година | |||
Учества | 7 (Првпат во 1986) | ||
Најдобар резултат | Шампиони, 2015 |
Инаку, Шведска го забележала својот прв настап на Европското првенство за играчи под 21 година во 1986, а во 1992 завршиле на второто место. Тие, исто така, стигнале до полуфиналето и на првенствата во 1990 и 2009 година.[1] Оскар Хиљемарк е играчот со најмногу настапи за шведската репрезентација под 21 година, со 37 одиграни натпревари во периодот меѓу 2011 и 2015 година. Ола Тоивонен е најдобар стрелец на оваа репрезентација, со 13 постигнати гола во периодот меѓу 2006 и 2009 година. Моментален капитен на репрезентацијата е Оскар Хиљемарк.