Хари Потер (филмски серијал)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хари Потер е британско-американски филмски серијал заснован на серијалот романи Хари Потер од авторката Џ. К. Роулинг. Серијалот е дистрибуиран од Warner Bros. и се состои од осум фантастични филмови, започнувајќи со Хари Потер и каменот на мудроста (2001) и завршувајќи со Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел (2011).[2][3] Спин-оф серијал во ретропродолжение ќе се состои од пет филмови, започнувачи со Фантастични ѕверки и каде да се најдат (2016). Фантастични ѕверки го означуваат почетокот на медиумската франшиза Волшебничкиот свет на Џ. К. Роулинг.[4]
„Хари Потер филмски серијал“ | |
---|---|
Режисер | Крис Колумбус (1–2) Алфонсо Куарон (3) Мајк Њуел (4) Дејвид Јејтс (5–8) |
Продуцент | Дејвид Хејмен Крис Колумбус (3) Марк Редклиф (3) Дејвид Барон (5–8) Џ. К. Роулинг (7–8) |
Сценарист | Стив Кловс (1–4, 6–8) Мајкл Голденберг (5) |
Главни улоги | Главното трио: Даниел Редклиф Руперт Гринт Ема Ватсон |
Музика | Џон Вилијамс (1–3) Патрик Дојл (4) Хиколас Хупер (5–6) Александар Деспла (7–8) |
Дистрибутер | Warner Bros. |
Премиера | 2001–2011 |
Времетраење | 1179 минути[1] |
Земја | Обединето Кралство САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | Вкупно (9 филмови): $1.335 милијарда |
Бруто заработка | Вкупно (9 филмови): $8,530,984,794 |
Серијалот бил главно продуциран од Дејвид Хејмен, а главните улоги ги играат Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон како трите главни ликови: Хари Потер, Рон Визли и Хермиона Гренџер. На серијалот работеле четири режисери: Крис Колумбус, Алфонсо Куарон, Мајк Њуел и Дејвид Јејтс.[5] Сценаријата биле напишани од Стив Кловс, со исклучок на Хари Потер и Редот на фениксот (2007), кој бил напишан од Мајкл Голденберг. Снимањето на филмскиот серијал траело десет години, следејќи ја мисијата на Хари Потер за совладување на својот главен непријател Лорд Волдеморт.[6]
Хари Потер и Реликвиите на смртта, седмиот и последниот роман во серијалот, бил адаптиран во два долгометражни филмови.[7] Првиот дел бил издаден во ноември 2010 година, а вториот дел бил издаден во јули 2011 година.[8][9]
Хари Потер и затвореникот од Азкабан (2004) е единствениот филм во серијалот кој не се наоѓа во списокот на 50. најпрофитабилни филмови во историјата, додека пак Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел, најпрофитабилниот филм во серијалот е осми најпрофитабилен филм на сите времиња.[10] Без усогласувањето на инфлацијата, филмскиот серијал е втор најпрофитабилен филмски серијал со вкупна заработка од $8.5 милијарди долари во светски рамки.