Хари Потер и Пламениот пехар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хари Потер и Пламениот пехар (англиски: Harry Potter and the Goblet of Fire) е четвртото продолжение на Хари Потер серијалот напишан од Џ. К. Роулинг, за првпат објавено на 8 јули, 2000 година од страна на Bloomsbury. Книгата привлече големо внимание поради предиздавачкото предупредување од Џ. К. Роулинг дека еден од ликовите ќе биде убиен во книгата. Оваа книга има најмногу фанови баш поради тоа што во неа започнува еден од најмрачните периоди во животот на вештерките и волшебниците, како и поради враќањето на Волдеморт на крајот од истата.
Македонски корици на оваа книга | |
Автор | Џ. К. Роулинг |
---|---|
Изворен наслов | Harry Potter and the Goblet of Fire |
Преведувачи | Култура: Оливер Јордановски Арс Ламина: Владимир Стојановски |
Илустратори | Џајлс Гринфилд Мери ГрандПри |
Земја | Обединетото Кралство |
Јазик | Англиски |
Серијал | Хари Потер |
Жанр | Фантазија |
Издавач | Bloomsbury Scholastic Култура; Арс Ламина |
Издадена | 8 јули 2000 8 јули 2000 2004; 2021 |
Страници | 636 734 613; 563 |
ISBN | 978-608-267-278-6 |
Претходна | Хари Потер и Затвореникот од Азкабан |
Следна | Хари Потер и Редот на фениксот |
Романот ја доби наградата Хуго во 2001 година[1]; тоа е единствената Хари Потер книга која ја има освоено таа награда. Книгата беше направена и во филм, кој беше објавен ширум целиот свет на 18 ноември, 2005 година.