Хермелеја (Охрид)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хермелеја — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува населба од римско време[1]. Населба од римското време. Се наоѓа на 3-от километар од Охрид кон Струга и на околу 800 м северно од брегот на Охридско Езеро. Во долината што служи за стрелиште и јужно покрај магистралниот пат во 1974 година Заводот и музеј - Охрид извршил археолошко заштитно ископување. Откриени се темели од повеќе градби и во нив многубројни фрагменти од керамички садови, монети и други предмети. Маленко В., 1976, 220; Шапкарев А.К., 1976, 556; Маленко В., Кузман П., 1988, 89-116. (В.М., П.К.)
Повеќе информации Основни податоци ...
„Хермелеја“ | |
| |
Местоположба | 41°07′00″N 20°48′00″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Затвори