Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Здуње
црква во селото Здуње / From Wikipedia, the free encyclopedia
Воведение на Пресвета Богородица (нарекувана и Пречиста) — гробјанска црква во поречкото село Здуње, во чиј двор се наоѓаат и селските гробишта.[1]
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Воведение на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата заедно со камбанаријата и вештачкото езеро Козјак | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Манастиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°47′59″N 21°09′08″E |
Место | Здуње |
Општина | Македонски Брод |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пресвета Богородица |
Изградба | XVII век |
Живопис | XVII век 1922 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Затвори
Црквата е сместена во јужниот дел на селото во месноста „Црква“, каде се наоѓаат и самите селски гробишта. Подигната е на карпеста подлога.