Црква „Св. Ѓорѓи“ - Петралица
црква во Петралица, Кривопаланечко / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Великомаченик Ѓорѓи (или Св. Богородица)[1] — православна црква во кривопаланечкото село Петралица, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[2]
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата од исток | |
македонска православна црква | |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Архијерејско намесништво | Кривопаланечко |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°12′58″N 22°10′49″E |
Место | Петралица |
Општина | Ранковце |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | XIX век (денешен облик) |
Архитектонски опис | |
Црквата се наоѓа во маалото Пардинци. Изградена е во XIX век, но извесни архитектонски елементи укажуваат на тоа дека станува збор за обновена градба од XVII или XVIII век. Живописана е во 1886 г., но на речи целата источна страна има траги од постари фрески. Се истакнуваат царските двери, кои датираат XVI – XVII век, изложени во Националниот конзерваторски центар во Скопје.[3] Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на многубројни цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[1] Слични двери имаат црквите „Св. Богородица“ во Ранковце, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Никола Чудотворец“ во Кратово и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[4]