Црква „Св. Ѓорѓи“ - Струга
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Ѓорѓи — македонска православна црква[1], сместена во центарот на Струга, која претставува најстар христијански верски објект во градот и кој датира од средината на 13 век. Според преданијата, претставува едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа. Староста на црквата досега била одредена по иконата на свети Ѓорѓи, која датира од 1267 година, но во 2015 година бил откриен и фрагмент на фреска од свети Ѓорѓи, кој датира од истиот период, односно средината на 13 век. Црквата постоела од 13 век и низ вековите егзистирала, повеќепати била обновувана сè до 19 век, кога е последната голема обнова од кога датира денешниот изглед. Има голем дел на поствизантиски икони, односно период на османлиската управа од 16 и 17 век. Тогаш имало скрипторски центар, каде се препишувале стари книги во кои има потпишани имиња на познати скриптографи, кои работеле во црквата. Доминираат икони од доцниот среден век и од времето на преродбата, како и од последната обнова во 1835 година. Од оваа црква традиционално започнува голема Ѓурѓовденска литија на која верниците се поклонуваат пред моштите на Св. Георгиј Победоносец и чудотворната икона на овој светец.[2]
Свети Ѓорѓи | |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Прва струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°10′38.1″N 20°40′27.9″E |
Место | Струга |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | 13 век |
Завршено | 1835 обновена |
Живопис | 11 април 1874 |
Зограф | Христо и Кузман Макариеви од Галичник |
Архитектонски опис | |