Црква „Св. Архангел Михаил“ - Бенче
црква во Бенче, Поречко / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Архангел Михаил — црква во поречкото село Бенче, Општина Македонски Брод. Му припаѓа на Бродското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Свети Архангел Михаил | |
Фреска на Богородица во црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Манастиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°41′31″N 21°5′59″E |
Место | Бенче |
Општина | Македонски Брод |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Изградба | XVII век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | поствизантиски |
Храмот е гробишна црква изградена во XVII век и сместена на самиот источен влез во селото, од левата страна на патот. Претставува мала еднокорабна градба со правоаголен облик која на исток завршува со тристрана апсида од надвор. Како жртвеник служи мала полукружна ниша во источниот ѕид, која нема излез нанадвор. Црквата е засводена, со издолжен полуцилиндричен свод кој непосредно се потпира на страничните ѕидови. Над оваа конструкција е вообичаениот калкански покрив од камени плочки. Олтарната апсида е покриена со правилна полукалота и исто така со камени плочки. Влезот е од запад и над него има полукружна ниша. На јужната фасада има мало правоаголно прозорско окно. Ѕидаријата е од камен и кал.[2] Во поново време на запад е доградена припрата, со што западниот ѕид е срушен и оформен е целовит простор.[3]
Нема податоци за времето на изградба на храмот. По иконографските и стилистичите особености на зачуваниот фрескопис се смта дека е изграден и живописан во првата половина на XVII век.[3][4] Фрескоживописот во горните подрачја на сводот е делумно оштетен.[3]
Во 1988 г. археографот Михајло Георгиевски открил 5 стари ракописни книги од периодот меѓу XIV и XVI век. Денес тие се чувааат во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, под инвентарните сигнатури Мс 17, 167, 168, 169 и 171.[4] Меѓу нив се Бенчевскиот литургиски зборник[5] и Бенчевското четвероевангелие принадлежни на оваа црква.[6]