Црква „Св. Богородица Челница“ - Охрид
црква во Охрид, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Света Богородица Челничка — македонска православна црква, сместена во стариот дел на Охрид, во населбата Варош.[1] Црквата се наоѓа југоисточно од црквата „Мали Св. Врачи". Изградена е на темели од средновековна црква. Од источната страна се потпира на градските ѕидини, каде е откриена градска порта, која ја сметаат за еден од трите влеза во стариот дел на градот. Поради својот план на двокорабна градба, оваа црква е единствена во Македонија. Зачувани се фрагменти од фрески кои според стилските одлики му припаѓаат на охридското ѕидно сликарство од XIV век. Кон крајот на XIX век Дичо Зограф ја живописувал црквата, а во 1901 година и Коле Момиров работел некои фрески. На 7 август 2011 црквата била преосветена.[2]
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Света Богородица Челничка | |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Втора охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°6′48″N 20°47′50″E |
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | 14 век |
Осветување | 7 август 2010 (преосветена) |
Зограф | Дичо Зограф и Коле Момиров |
Архитектонски опис | |
Затвори