Црква „Св. Илија“ - Вранештица
црква и археолошко наоѓалиште во Вранештица, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Илија — доцносредновековна селска црква во кичевското село Вранештица, Македонија.[1]
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Прва кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°26′39.2″N 21°01′22.38″E |
Место | Вранештица |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Архитектонски опис | |
Затвори
Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот доцносредновековна црква и некропола.[2]
Мештаните за црквата кажуваат дека е „римска“. Околу нејзе се наоѓаат гробишта за жителите на Левото Маало на селото Вранештица.[3]