Црква „Св. Климент Охридски“ - Охрид
црква во Охрид, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Климент Охридски позната како Мал Свети Климент — македонски православен храм, кој се наоѓа помеѓу куќите во срцето на стариот дел на градот Охрид на улицата Методи Патчев веднаш над познатата Куќа на Робевци. Оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви од XIV век. Фрескосликарството на непознатиот локален зограф е едно од подобрите остварувања во Охрид. Треба да се спомене дека во XIV век, кога манастирот "Свети Пантелејмон" е претворен во џамија, моштите на св. Климент се пренесени токму во оваа црква[1].
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
(Мал) Свети Климент Охридски | |
Црквата Мал Свети Климент во Охрид | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Прва охридска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Климент Охридски |
Изградба | XIV век |
Живопис | XIV век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Затвори