Црква „Св. Никола“ - Гиновци
црква во Гиновци, Кривопаланечко / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Никола — православна црква во кривопаланечкото село Гиновци, Општина Ранковце. Му припаѓа на Кривопаланечкото архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Свети Никола | |
македонска православна црква | |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Архијерејско намесништво | Кривопаланечко |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°10′53″N 22°09′20″E |
Место | Гиновци |
Општина | Ранковце |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | XVI - XVII век |
Архитектонски опис | |
Затвори
Црквата е еднокорабен гробишен храм. Датира од крајот на XVI до првата деценија на XVII век судејќи по зачуваниот фрескопис на сводот и северниот ѕид. Се издвојува претставата на Свети Јоаким Осоговски насликан до Света Петка. Во сцените на Великите празници е прикажан и по еден пророк кој го претскажал настанот.[2]