Црници (Лешок)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Црници — археолошко наоѓалиште во тетовското село Лешок. Претставува некропола од римското време. Се наоѓа на околу 1 км јужно од селото, во овоштарникот на ЗИК „Тетово“. Во 1970 година со земјоделските работи биле откриени обработени блокови од мермер, плоча со грчки натпис од мермер и женска глава, исто така изработена од мермер. Наодите се чуваат во Музејот на тетовскиот крај.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Црници“ | |
Местоположба | 42°3′50″N 21°1′58″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Лешок |
Општина | Теарце |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Затвори