Црногорски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црногорскиот јазик (црногорски: Crnogorski jezik) е јужнословенски јазик и една од стандардните норми на српскохрватскиот јазик. Јазикот е службен во Црна Гора. Црногорскиот се заснова на ијекавското-штокавско наречје. Неговото стандардизирање всушност започнува во 2005 година. Во времето на СФРЈ за службен јазик во Црна Гора бил сметан српско-хрватскиот јазик. Со распадот на СФРЈ, а со тоа и на српско-хрватскиот јазик како официјален, во новосоздадените држави како официјални се воведуваат јазиците наречени според нацијата, па така како службениот јазик бил наречен „српски јазик од ијекавското наречје“.
Кратки факти Црногорски јазик, Застапен во ...
Црногорски јазик | |
---|---|
Crnogorski jezik | |
Застапен во | Црна Гора Албанија Србија |
Подрачје | Балкан |
Говорници | околу 144.838 луѓе |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Црна Гора |
Регулативен орган | Одбор за стандардизација на црногорскиот јазик |
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | sla |
ISO 639-3 | srp |
Затвори