Чарлс Дарвин
англиски природонаучник / From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс Роберт Дарвин (англиски: Charles Robert Darwin; 12 февруари 1809 – 19 април 1882 ) — англиски природонаучник кој го сфатил и изложил несовладливиот доказ дека сите живи видови еволуираат од заеднички предок, преку процесот кој тој го нарекол природна селекција.[1] Фактот дека еволуцијата настанува, е прифатена од страна на научната заедница и поголем дел од народот за време на неговото живеење, додека неговата теорија на природна селекција доаѓа до таа точка да биде широко прифатена како основно образложение на процесот на еволуција во 1930-ите,[2] и сега ги образува основите на модерната еволуциона теорија. Во изменета форма, Дарвиновото научно откритије е изедначувачка теорија на животните науки, овозможувајќи логично објаснување на разновидноста на животот.[3]
Чарлс Дарвин | |
---|---|
Чарлс Роберт Дарвин. на 51 годишна возрат, Чарлс Дарвин штотуку ја издал За потеклото на видовите. | |
Роден(а) | 12 февруари 1809(1809-02-12) Маунт Хаус, Шрузбери, Шропшир, Англија |
Починал(а) | 19 април 1882(1882-04-19) (возр. 73) Даун Хаус, Даун, Кент, Англија |
Живеалиште | Англија |
Националност | Британец |
Полиња | природонаука |
Установи | Кралско географско друштво |
Образование | Единбуршки универзитет Кембрички универзитет |
Ментори | Џон Стивенс Хенслоу Адам Сеџвик |
Познат по | „Патувањето на Бигл“ „За потеклото на видовите„ „Природна селекција“ |
Влијание од | Чарлс Лајел Џозеф Далтон Хукер |
Влијаел врз | Томас Хенри Хаксли Џорџ Џон Романес |
Поважни награди | Кралски медал (1853) Воластонски медал (1859) Коплиев медал (1864) |
Потпис | |
Белешки Тој бил внук на Иразмес Дарвин и на Џосаја Веџвуд и ја оженил својата братучетка Ема Веџвуд. |
Почетниот интерес за природата го натерал Дарвин да го запостави своето медицинско образование на Единбуршкиот Универзитет, и наместо тоа тој помагал при истражувањето на морските безрбетници[4]. Неговата страст кон природните науки била охрабрена од студиите на Универзитетот на Кембриџ. Петгодишното патување со „Бигл“ го потврдил неговиот статус како еминентен геолог чии набљудувања и теории ги поддржувале униформитарианистичките идеи на Чарлс Лајел, а објавувањето на дневникот што го водел на неговото патување го прославил како автор.
Заинтригиран од географското распределување на дивиот свет и фосилите што ги собрал на неговото патување, Дарвин ја истражувал трансмутацијата на видовите и ја зачнал неговата теорија за природна селекција во 1838 година[5]. Иако разговарал за своите идеи со неколку биолози, му требало време за опширно истражување и неговата геолошка работа била приоритет[6]. Додека ја поставувал својата теорија во 1858 година, Алфред Расел Волес му испратил есеј во кој била опишана истата идеја, на што следело заедничко објавување на двете теории[7]. Делото на Дарвин го утврдило еволутивното потекло со мала модификација како доминантно научно објаснување за разновидноста во природата[2]. Во 1871 година, тој ја проучил човечката еволуција и сексуалната селекција во делото „Потеклото на човекот, и селекцијата според полот“, потоа следело „Изразувањето на емоции кај човекот и животните“. Неговото истражување за растенијата било објавено во неколку тома книги, а во неговата последна книга ги проучувал дождовните црви и нивното влијание врз почвата[8][9].
Како потврда за неговото најрано истакнување како научник[10], Дарвин бил еден од петте личности без кралско потекло што во 19 век биле почестени со државен погреб и погребан во Вестминстерската опатија, во близина на Џон Хершел и Исак Њутн. Дарвин е опишан како една од највлијателните личности во историјата на човештвото