Боцвана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боцвана (цвана: Botswana; англиски: Botswana) или официјално Република Боцвана (Lefatshe la Botswana, Republic of Botswana) — држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но овој дел од границата не е добро утврден[4]. Главен град на државата е Габороне, а службени јазици се цвана и англискиот. Боцвана има вкупна површина од 581.730 км2 и население од 2.029.307 жители според проценките од 2010 година.
Република Боцвана Republic of Botswana Lefatshe la Botswana |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Pula“ (цвана) „Дожд“ |
||||||
Химна: Fatshe leno la rona (цвана) Нашата земја |
||||||
Местоположбата на Боцвана (темносино) – во Африка (светлосино и темносино) |
||||||
Главен град (и најголем) | Габороне 25°40′S 25°55′E | |||||
Службен јазик | англиски цвана |
|||||
Народности |
|
|||||
Демоним | Боцванец | |||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Претседател | Ијан Кама | ||||
• | Потпретседател | Момпати Мерафхе | ||||
Независност | ||||||
• | од Обединетото Кралство | 30 септември 1966 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 581,730 км2 (47-ма) | ||||
• | Вода (%) | 2.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2010 г. | 2,029,307[1] (144-та) | ||||
• | Попис 2001 | 1,680,863 | ||||
• | Густина | 3.4 жит/км2 (229-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $28.491 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $15,489[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $14.030 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $7,627[2] | ||||
Џиниев коеф. (1993) | 63[1] многу висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.683[3] среден · 109та |
|||||
Валута | Пула (BWP ) |
|||||
Часовен појас | ЦАВ (UTC+02) | |||||
• | (ЛСВ) | н.п. (UTC) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .bw | |||||
Повик. бр. | +267 |
Топографски земјата е рамнинска и околу 70% од територијата зафаќа пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 година со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жител[5]. Државата е дом на еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството.