Замбија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Замбија (англиски: Zambia) или официјално Република Замбија (Republic of Zambia) е независна држава во Јужна Африка. Замбија се граничи со ДР Конго на север, со Танзанија на североисток, со Малави на исток, со Мозамбик, Зимбабве, Боцвана и Намибија на југ и со Ангола на запад. Главен град на Замбија е Лусака, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата. Според пописот од 2000 година, Замбија имала население од 9,885,591 жител. Поголем број од населението е сконцентрирано во јужниот дел од земјата, во регионот на главниот град, како и во покраината Копербелт. Замбија има вкупна површина од 752,618 км2 и службен јазик во државата е англискиот.
Република Замбија Republic of Zambia
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Една Замбија, една нација“ | ||||||
Химна: Stand and Sing of Zambia, Proud and Free |
||||||
Главен град (и најголем) | Лусака 15°25′S 28°17′E | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Признаени регионални јазици | њанџа, бемба, лунда, тонга, нкојо, лози, лувале, каонде, и уште 65 јазици. | |||||
Демоним | Замбијци
(Замбиец/Замбијка) |
|||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Мајкл Сата | ||||
• | Заменик претседател | Џорџ Кунда | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Датум | 24 октомври 1964 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 752,618 км2 [1](39-та) | ||||
• | Вода (%) | 1 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2008 г. | 11,862,740 (71-ва) | ||||
• | Попис 2000 | 9,885,591[2] | ||||
• | Густина | 16 жит/км2 (191-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $17.423 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $1,399[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $14.323 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $1,150[3] | ||||
Џиниев коеф. (2002–03) | 42.1 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.561[4] среден · 141ва |
|||||
Валута | Замбиска квача (ZMK ) |
|||||
Часовен појас | CAT (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+2) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .zm | |||||
Повик. бр. | 260 |
Територијата на Замбија била првично населена од коисански народи. Во 13 век истиот тој регион бил населен од банту-народите. По првичните посети на европските експедиции во XVIII век, Замбија станала британска колонија позната како Северна Родезија. Северна Родезија прогласила независност од Британија на 24 октомври 1964 година, но, под новото денешно име.