Мозамбик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мозамбик (португалски: Moçambique) или официјално Република Мозамбик (португалски: República de Moçambique) — држава во југоисточна Африка. Мозамбик на исток излегува на Индискиот Океан, додека на север граничи со Танзанија, со Малави и Замбија на северозапад, со Зимбабве на запад и со Свазиленд и Јужноафриканската Република на југозапад.
Република Мозамбик República de Moçambique
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Pátria Amada (порано Viva, Viva a FRELIMO) |
||||||
Главен град | Мапуто 25°57′S 32°35′E | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | португалски | |||||
Демоним | Мозамбичанец | |||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Армандо Гвебуза | ||||
• | Премиер | Луиза Диого | ||||
Независност | ||||||
• | од Португалија | 25 јуни 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 801,590 км2 (35-та) | ||||
• | Вода (%) | 2.2 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2017 | 27,909,798 (52nd) | ||||
• | Густина | 25 жит/км2 (178-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $18.600 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $896[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $9.654 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $465[1] | ||||
Џиниев коеф. (1996–97) | 39.6 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.393[2] низок · 178ма |
|||||
Валута | Мозамбикански метикал (Mtn) (MZN ) |
|||||
Часовен појас | CAT (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+2) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .mz | |||||
Повик. бр. | 258 |
Територијата на Мозамбик за првпат била истражена од Европеец во 1498 година од страна на Васко де Гама, додека истата таа територија била колонизирана од Португалија во 1505 година. Мозамбик станала независна држава во 1975 година и наскоро се променила во ново општествено уредување и со ново име - Народна Република Мозамбик. Во овој период се случила и граѓанската војна која траела од 1977 година до 1992 година. Државата е член на Комонвелтот на нации, Заедницата на португалски говорни држави и набљудувач во Франкофонијата.