Брами
From Wikipedia, the free encyclopedia
Брами е современо име дадено за најстарото писмо користено во Индија, за време на крајните векови на старата и почетокот на новата ера. Како и останатите индиски писма, така и брами е абугида.
Кратки факти Брами, Тип ...
Брами | |
---|---|
Тип | Abugida
|
Период | околу 3 век п.н.е. до околу 5 век |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Јазици | рани пракритски јазици |
Сродни писма | |
Матични системи | прасинитско писмо
|
Изведени системи | гуптско писмо, палава и поголем број индиски писма |
Сродни системи | кароштиско писмо (?) |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Brah, 300 , Brahmi |
Уникод | |
Уникоден назив | Brahmi |
Уникоден опсег | U+11000–U+1107F |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Затвори
Најпознати споменици на брами се натписи на Ашока, кои се наоѓаат во централна Индија и датираат од 3 век п.н.е. Се верува дека натписите на тамилско брами пронајдени во јужна Индија се постари од натписите на Ашока.[1] Гуптското писмо од 5 век понекогаш се нарекува доцно брами. Од 6 век па навака, брами се распаднало на неколку локални писма, кои денес ја сочинуваат групата на индиски писма. Писмото било дешифрирано од Џејмс Принсеп, археолог и филолог.[2]