Арамејска азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Арамејската азбука често се нарекува и како абџад, односно согласна азбука која се користела за пишување на арамејски јазик. Таа настанала од феникиската азбука и се одделила потполно од 8 век п.н.е. Како и останатите абџадски азбуки, сите букви се согласки од кои некои означуваат долги самогласки.
Арамејска азбука | |
---|---|
Тип | |
Период | 800 п.н.е. до 600 г. |
Правец на пишување | од десно кон лево |
Јазици | арамејски, хебрејски, сириски, мандајски |
Сродни писма | |
Матични системи | прахананска азбука
|
Изведени системи | хебрејска набатаеанска сириска палмиренско мандајско брахмиско пахлевиско согдинска гандхариско грузиска |
ISO 15924 | |
Уникод | |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Арамејската азбука е историски значајна бидејќи сите денешни блискоисточни писма се наследници од ова писмо, како и некои алтајски јазици во Централна и Источна Азија. Тоа е поради широката зборуваност на јазикот како лингва франка и како службен јазик на Новоасирското, Вавилонското и Периското Царство. Светите книги на јудаизмот и исламот, како и некои христијански и будистички текстови биле напишани на писма што биле поврзани со арамејското писмо.