Арамејски јазик
семитски јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Арамејски (сириски: ܐܪܡܝܐ, хебрејски: ארמית) — јазик, или група сродни јазици кои се дел од афроазиското јазично семејство, а дел од групата на семитски јазици. Јазиците се зборувале и се зборуваат во регионот на Блискиот Исток. Името на јазикот потекнува од името „Арам“[3], стар регион во централна Сирија. Арамејскиот јазик е сроден со хебрејскиот, хананскиот и феникискиот јазик. Арамејскиот јазик се пишувал со арамејско писмо, кое пак било прифатено од поголем број семитски јазици. Како резултат на тоа, денес се широко распространети арапското и хебрејското писмо.
Арамејски | |||
---|---|---|---|
ܐܪܡܝܐ, ארמית Arāmît | |||
Првата буква од арамејското писмо. | |||
Изговор | [arɑmiθ], [arɑmit], [ɑrɑmɑjɑ], [ɔrɔmɔjɔ] | ||
Застапен во | Иран, Ирак, Израел, Сирија, Турција, асирска дијаспора. | ||
Говорници | 500.000 | ||
Јазично семејство | афроазиско
| ||
Писмо | арамејска азбука, сириска азбука, хебрејско писмо, мандејска азбука, арабица[1] и кинески[2] | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-3 | Разни: arc — службен арамејски (700–300 п.н.е.) oar — староарамејски (пред 700 п.н.е.) aii — асирски новоарамејски aij — лишанид ношан amw — западен новоарамејски bhn — бохтански новоарамејски bjf — берзански јудеоновоарамејски cld — калдеајски новоарамејски hrt — хертевински huy — хулаѕлански jpa — јудеопалестински арамејски kqd — којсанџачки lhs — млахсоански lsd — лишана дени mid — современ мандејски myz — класичен мандејски sam — самарјански арамејски syc — сириски (класичен) syn — сенајански tmr — јудеовавилонски араменски trg — лишан дидан tru — туројоански | ||
|
Арамејскиот има околу 3.000 години пишана историја.[4] Во текот на историјата јазикот бил главен административен јазик на неколку империи во регионот, јазик на секојдневието и јазик на религијата. Арамејскиот бил јазик за секојдневна употреба во Израел за време на периодот на „Вториот храм“ (539 п.н.е. - 70 г.), а како најзначаен податок е тоа што арамејскиот бил мајчин јазик на Исус Христос.[5][6] Дополнително на тоа, поголем дел од библиските книги на Даниел и Езра биле напишани на арамејски, а исто така арамејскиот бил главен јазик на Талмудот.[7] Сепак, важно е да се напомене дека јудеоарамејскиот јазик се разликувал од останатите арамејски форми по зборовите и граматика.
Долгата и разновидна историја на арамејскиот јазик, како и широката територија на која се користел јазикот, довеле до развој на различни јазичи варијанти и форми кои некои јазичари ги нарекуваат дијалекти. Сепак, овие „дијалекти“ се толку различни едни од други што може да се сметаат за засебни јазици. Така, не постои еден унифициран арамејски јазик, бидејќи секој временски период и во секое место се развивале засебни форми. Арамејскиот е зачуван како литургиски јазик во Источните христијански цркви, воглавно во лицето на сирискиот јазик. Денес голем број од арамејските заедници користат јазик кој подоминантен од арамејскиот.
Современиот арамејски јазик е мајчин јазик на голем број расштркани, мали и во голема мера изолирани заедници кои се следбеници на христијанството, јудаизмот или мандејството во Западна Азија[8]. Најбројни се Асирците и тие зборуваат на асирски новоарамејски јазик и калдејски новоарамејски јазик. Денес арамејските јазици се зметаат за загрозени јазици.[9]