Крис Мидлтон
Американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џејмс Кристијан "Крис" Мидлтон (роден на 12 август 1991 година) е американски кошаркар, крило на Милвоки Бакс.
|
Мидлтон играл колеџ кошарка на универзитетот Тексас А&М три години, а потоа се пријавил на НБА драфтот 2012 каде бил избран како 39-ти пик во втората рунда од Детроит Пистонс. По завршувањето на својата руки сезона со Пистонс, тој бил разменет заедно со Брендон Најт и Вјачеслав Кравцов во Милвоки Бакс за Брендон Џенингс кој заминал во Детроит.
Мидлтон е двапати учесник на НБА Ол-стар натпреварите во 2019 и 2020 година. Во сезоната 2020-2021 станал НБА шампион со Милвоки Бакс, совладувајќи ги Финикс Санс во финалето со 4-2, а Мидлтон придонел за успехот со просек од 24 поени по натпревар во финалната серија, учинок кој во неговата екипа бил послаб само од оној на Јанис Адетокунбо (35.2) - МВП-то на тоа финале.