Милвоки Бакс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Милвоки Бакс (анг. Milwaukee Bucks) е американски кошаркарски клуб од Милвоки, Висконсин. Моментално се натпреварува во НБА лигата како член на Источната конференција.
Милвоки Бакс | ||||
---|---|---|---|---|
Конференција | Источна | |||
Дивизија | Централна | |||
Основан | 1968. | |||
Историја | Милвоки Бакс (1968-денес) | |||
Арена | Фајсерв Форум | |||
Град | Милвоки, Висконсин | |||
Бои на екипата | [1][2][3] | |||
Сопственик | Весли Иденс, Марк Ласри, Џејми Динан, Мајк Фашители[4] | |||
Тренер | Мајк Буденхолцер | |||
Титули | 2 НБА шампиони: 2
Конференциски шампиони: 3
Дивизиски шампиони: 16
| |||
Повлечени броеви | 1, 2, 4, 8, 10, 14, 16, 32, 33 | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
|
Клубот е основан во 1968 година и од своето основање го носи ова име. Поранешниот сенатор и стопанственик Херб Кол бил долгогодишен сопственик на тимот, но на 16 април 2014 година, група предводена од милијардерите и хеџ фонд менаџери Вес Иденс и Марк Ласри се согласила да го купи мнозинскиот сопственички процент на клубот од Кол, продажба која била одобрена од сопствениците на НБА и нејзиниот Управен одбор еден месец подоцна на 16 мај.[5] Досега во својата историја Бакс имаат освоено две титули во НБА во сезоните 1970-1971 и 2020-2021, три конференциски титули (1971, 1974, 2021) и 16 дивизиски титули (1971–1974, 1976, 1980–1986, 2001, 2019-2021). Карим Абдул Џабар и Јанис Адетокунбо се единствените двајца играчи на Бакс кој ја добиле наградата Најкорисен играч во НБА (3 пати Абдул-Џабар и двапати Адетокунбо).
Милвоки Бакс најчесто играат во зелени дресови и зелени шорцеви. Својте домашни натпревари клубот ги игра во арената Фајсерв Форум која е отворена во август 2018.