Јанис Адетокунбо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јанис Адетокунбо (грчки: Γιάννης Αντετοκούνμπο; роден на 6 декември 1994 во Атина)[1] — грчки професионален кошаркар кој настапува за екипата на Милвоки Бакс во НБА. Висок е 2,11 метри и најчесто игра на позицијата ниско крило, но може да игра и како бек поради неговата вештина во водење топка. Во сезоната 2015–16 настапувал како организатор на играта за екипата на Милвоки.[2] Адетокунбо прераснал во кошаркарска суперѕвезда во сезоната 2016–17, кога бил најефикасен играч на Милвоки во сите пет значајни статистички категории и станал првиот играч во НБА кој бил во првите 20 кошаркари од лигата по број на бодови, скокови, асистенции, украдени топки, и блокирани удари.[3] Адетокунбо има нигериско потекло.[4][5]
|
Адетокунбо добил грчко државјанство во 2013,[6] а од 2014 настапува за кошаркарската репрезентација на Грција со која го освоил петтото место на светското првенство во кошарка во Шпанија.[7] Со грчката репрезентација настапил и на европското првенство во кошарка 2015 каде на осум натпревари имал просек од 9,8 бода, 6,9 скокови и 1,1 асистенција по натпревар.[8]