Математичка константа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Математичка константа (математичка постојана) — посебен број (обично реален) кој е на извесен начин „значајно интересен“.[1] Константите се присутни во разни математички полиња, а некои од нив, како e и π се мошне застапени во најразлични гранки како геометријата, теоријата на броевите и математичката анализа.
Не постои формален начин да се определи што значи една костанта да биде „интересна“ и „природна“. Некои константи се позначајни од историски причини отколку поради нивните математички својства. Најзастапените се определени на голем број децимални места.
Сите математички константи се определиви и најчесто пресмеливи броеви (значаен исклучок е Хајтиновата константа).