Број
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија е за концептот број во математика. За број во лингвистика, види граматички број.
Број — апстрактен објект што се користи за обележување на количество. Тој може да биде составен од една или повеќе цифри. Разликуваме позитивни (со знак +, кој чето пати не се пишува) или негативни (со знак -, кој задолжително се пишува), додека нулата (0) не спаѓа ниту во позитивни ниту во негативни броеви.
Постојат повеќе множества на броеви:
- Множество на реални броеви (ознака: R)
- Множество на природни броеви (ознака: N)
- Проширено множество на природни броеви (ознака: N0)
- Множество на цели броеви (ознака: Z)
- Множество на рационални броеви (ознака: Q)
- Множество на ирационални броеви (ознака: I)