Џуџеста планета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џуџеста планета (планета-џуџе) — астрономски објект со планетарна маса, многу помал од планета, но поголем од астероид. Најпознат пример за вакoв објект е Плутон. Поради повремените нејаснотии за статусот на некои објекти, во 2006 г. научниците[1] решиле да го дефинираат поимот планета. Според таа дефиниција, планета е: небесно тело кое кружи околу Сонцето; има приближно кружна форма; и ја има „расчистено“ околината на својата орбита од други небесни тела. Оние планети кои ги исполнуваат првите два услови, а не го исполнуваат и третиот, се нарекуваат џуџести планети. Во Сончевиот Систем постојат најмалку три џуџести планети.