Плутон (џуџеста планета)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плутон (симболи: [1] и [2]) — џуџеста планета во Сончевиот Систем, официјално означена како „134340 Плутон“. Откриена е во 1930 година од американскиот астроном Клајд Томбо. На конгресот на Меѓународниот астрономски сојуз одржан на 24 август 2006 г. за првпат е дефиниран поимот планета. Според оваа дефиниција, Плутон не претставува планета и оттогаш официјално се вбројува во групата на џуџести планети. Со оваа одлука е одредено дека Сончевиот Систем има само осум планети. По големината, Плутон е помал од седум месечини кои кружат околу други планети во Сончевиот Систем: (Месечината, Јо, Европа, Ганимед, Калипсо, Титан и Тритон). Пречникот на Плутон е 2.274 км. Тој орбитира на просечна оддалеченост од 5.913.520.000 км (39,5 ае) од Сонцето. Времето потребно за да го заобиколи Сонцето (или должината на неговата планетарна година) изнесува 248,54 Земјини години. Плутон околу својата оска се завртува за 6,39 Земјини денови. Полупречникот на Плутон не е познат со сигурност, а неговата вредност од 1.137 км е со грешка од +/-8 км, односно 1%.
Плутон, фотографиран од леталото Нови Хоризонти во 2015 | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Клајд Томбо |
Откриено | 18 февруари 1930 |
Ознаки | |
ЦМП-ознака | 134340 Плутон |
Наречена по | Плутон |
џуџеста планета | |
Орбитални особености | |
Епоха J2000 | |
Плутон има три месечини: Харон (откриен во 1978 година), со кој често се сметаат заедно како двоен планетарен систем, бидејќи кружат еден околу друг, и уште три помали месечини: Никта и Хидра (откриени во 2005) и S/2012 P 1 (откриен во 2012).[3]