Фудбалска репрезентација на Египет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалска репрезентација на Египет (арап. منتخب مصر لكرة القدم), често се нарекуваат Фараони (арап. الفراعنة) — фудбалска репрезентација која го претставува Египет на меѓународни натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Египет. Египет е најуспешната репрезентација во Африка, со седум шампионски титули; тие го освоиле првиот Африкански куп на нации во Судан во 1957 година, потоа во Египет во 1959 година, Египет во 1986 година, Буркина Фасо во 1998 година, Египет во 2006 година, Гана во 2008 година и Ангола во 2010 година.
Прекари(и) | الفراعنة (Фараони)[1] | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Египетска фудбалска асоцијација | ||
Конфедерација | АФК (Африка) | ||
Селектор | Ехаб Галал | ||
Капитен | Мохамед Салах | ||
Најмногу настапи | Ахмед Хасан (184) | ||
Најдобар стрелец | Хосам Хасан (68) | ||
Домашен стадион | Меѓународен стадион Каиро | ||
| |||
Светско првенство | |||
Учества | 3 | ||
Најдобар резултат | Осминафинале (1934) | ||
Арапски куп | |||
Учества | 5 (Прво во1988) | ||
Најдобар резултат | Прваци (1992) | ||
Куп на Конфедерации | |||
Учества | 2 (Прво во 1999) | ||
Најдобар резултат | Групна фаза (1999, 2009) |
Египет била првата африканска земја што учествувала на Светско првенство, учествувале на Второто светско првенство, во Италија во 1934 година, кога загубиле со 4:2 од Унгарија во 1. коло (во осмина финале). Оттогаш Египет се квалификувал за Светското првенство во 1990 година, кога повторно е елиминиран во првото коло. По 28 години, предводени од Мохамед Салах, Египет се пласирал на Светското првенство во 2018 година. Египет двапати играл меч за бронзен медал на Летните олимписки игри (1928 и 1964 година), губејќи и двата пати; првиот пат од Италија со 11:3, што е најубедливиот пораз на Египет во историјата.