Фудбалска репрезентација на Швајцарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Швајцарија ја претставува Швајцарија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската Асоцијација на Швајцарија.
Прекари(и) | Schweizer Nati | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалска Асоцијација на Швајцарија | ||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Владимир Петковиќ | ||
Капитен | Стефан Лихтштајнер | ||
Најмногу настапи | Хајнц Херман (118)[1] | ||
Најдобар стрелец | Александар Фрај (40) | ||
ФИФА код | SUI | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 8 (август 2018) | ||
Највисок | 3 (август 1993) | ||
Најнизок | 83 (декември 1998) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Франција 1–0 Швајцарија (Париз, Франција; 12 февруари 1905) | |||
Најголема победа | |||
Швајцарија 9–0 Литванија (Париз, Франција; 25 мај 1924) | |||
Најлош пораз | |||
Швајцарија 0–9 Англија (Базел, Швајцарија; 20 мај 1909) Унгарија 9–0 Швајцарија (Будимпешта, Унгарија; 29 октомври 1911) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 11 (првпат во 1934) | ||
Најдобар резултат | четвртфинале 1934, 1938, 1954 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 5 | ||
Најдобар резултат | осминафинале, 2016 |
Швајцарија досега 11 пати учествувала на Светско првенство, а најдобар резултат и се трите настапи во четвртфиналето, во 1934, 1938 и 1954. Тие биле домаќини на првенството во 1954, каде во четвртфиналето загубиле од Австрија, со неверојатни 7–5, што останува во историјата до денес како натпревар со најмногу постигнати голови на Светско првенство.[2] На Светското првенство 2006, Швајцарија поставила рекорд на Светските првенства како првата репрезентација која била елиминирана од турнирот без да прими ниту еден гол, испаѓајќи од Украина по изведување на пенали во осминафиналето; без да постигнат ниту еден гол од пенал, со што исто така станале првата нација што го сторила тоа.[3] Тие исто така не примиле гол ниту во првиот натпревар на Светското првенство 2010 против Шпанија, по што мрежата на Швајцарија била затресена дури во натпреварот со Чиле кога Марк Гонсалес во 75-тата минута го постигнал единствениот гол во натпреварот и му донел победа на претставникот од Јужна Америка; со ова Швајцарците поставиле рекорд за најмногу минути без примен гол на завршницата на Светските првенства.[4]
Швајцарија заедно со Австрија биле организатори на Европското првенство 2008, каде Швајцарците го имале своето трето учество, но како и во првите две учества не успеале да ја минат групната фаза.[5][6] Сепак тоа за првпат им успеало на Европското првенство 2016, кога Швајцарија завршила како втора во групата зад домаќинот Франција, но биле елиминирани веќе во осминафиналето од Полска по изведувањето на пенали.
Генерално земено, најдобриот резултатat на швајцарската репрезентација на официјално фудбалско натпреварување е сребрениот медал освоен во 1924, на Летните олимписки игри 1924 на кои во финалето тие биле поразени од Уругвај со 3–0.[7]