Јужна Кореја
земја во Источна Азија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужна Кореја — суверена држава која се наоѓа во јужниот дел на Корејскиот Полуостров. Службено се нарекува Република Кореја (корејски: 대한민국, „Tехан-мингук“) и во резолуцијата на OОН од 1948 г. е опишана како единствена законски влада во Кореја. Меѓународното име на Кореја доаѓа од старата династија Корјо во периодот кога многу западни нации го забележале постоење на династијата на Корејскиот Полуостров. Корејското име „Техан-мингук“ може да се преведе како „Република на великиот Хан“. „Хан“ е името на народите на полуостровот и во некои делови на Манџурија. Ова име на народите потекнува од името на единствениот древен бог на корејските народи, наречен „Хананим“.
Република Кореја 대한민국 Дехан-мингук |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: 널리 인간을 이롭게 하라 (홍익인간 „Придобива целото човештво“ |
||||||
Химна: Егука (애국가) „Родољубива песна“ |
||||||
Главен град (и најголем) | Сеул 37°35′N 127°0′E | |||||
Службен јазик | корејски | |||||
Демоним | Корејци | |||||
Уредување | полупретседателски систем | |||||
• | Претседател | Јун Сук Јеол | ||||
• | Премиер | Хан Дук-со | ||||
• | Претседател на Народното собрание | Ким Џин-пјо | ||||
• | Врховен Судија | Џо Хи-де | ||||
• | претседател на Уставниот суд | Ли Јонгсеок | ||||
Законодавство | Собрание на Република Кореја | |||||
Основање | ||||||
• | Објавена декларација | 1 март 1919 | ||||
• | Провизорна влада | 13 април 1919 | ||||
• | Поделба на Кореја | 15 август 1945 | ||||
• | Устав | 17 јули 1948 | ||||
• | Влада | 15 август 1948 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 100,032 км2 (108-ма) | ||||
• | Вода (%) | 0,3 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | 52,000,000 (28ма) | ||||
• | Густина | 507 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | $2.924 трилиони[1] (14та) | ||||
• | По жител | $56,708(2023)[1] (28ма) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | $1.709 Трилиони[1] (12та) | ||||
• | По жител | $33,147[1] (33та) | ||||
Џиниев коеф. (2018) | 34.5[2] среден |
|||||
ИЧР (2021) | ▲ 0.925[3] многу висок · 19та |
|||||
Валута | јужнокорејски вон (₩) (KRW ) |
|||||
Часовен појас | Корејско стандардно време (UTC+9) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+9) | ||||
Датумски формат | гггг년 мм월 дд일 | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .kr | |||||
Повик. бр. | 82 |
Нејзините соседи се Кина на запад, Јапонија на исток, Северна Кореја на север, и на Источнокинеското Море на југ. Јужна Кореја се наоѓа во умерена северна зона и има претежно планински релјеф. Нејзината територија зафаќа вкупна површина од 100,032 квадратни километри и има население од речиси 50 милиони. Главен и најголем град е Сеул, со население од 10.421.782 жители.
Археолошки наоди покажуваат дека Корејскиот Полуостров бил населен до стариот (долниот) палеолит. Корејската историја започнува со основањето на Кочосон во 2333 г. п.н.е. од страна на легендарниот Дан-гун. По обединувањето на Трите кралства на Кореја под водство на Шила во 668 г. од н.е., Кореја го помина периодот на династијата Корјо и династијата Чосон како една нација до крајот на Корејската империја во 1910 г., кога Кореја беше присвоена од Јапонија. По ослободувањето и окупацијата од советските и американските сили на крајот од Втората светска војна, нацијата беше поделена на Северна и Јужна Кореја. Јужна Кореја беше основана во 1948 г. како демократија, иако политички превирања и периодите на воена власт и воена состојба, означија голем дел од периодот до основањето на Шестата Република во 1987 г.
По инвазијата на Јужна Кореја од страна на силите од Северот на 25 јуни 1950 г., војната која резултурашемеѓу двете Кореи заврши со Догвор за примирје, но границата меѓу двете земји е најдобро обезбедена граница во светот. По војната, Јужна Кореја забележа зачителен раст и земјата прерасна во голема економија, целосна демократија и регионална сила во Источна Азија.
Јужна Кореја е претседателска република која се состои од шеснаесет административни единици и е развиена земја со многу висок стандард на живеење. Таа е четвртата по големина економија во Азија и 15. (номинална) или 12. (според паритет на куповна моќ) најголема економија во светот. Економијата е ориентирана на извоз, со производство што се задржува на електрониката, автомобилите, бродоградбата, машинството, петрохемикалиите и роботиката. Јужна Кореја е членка на Обединетите нации, СТО (Светската трговска организација), ОЕСР (Организација за економска сработка и развој) и Г-20 големи економии. Исто така таа е еден од основачите на АПЕС (Азиско-тихоокеанска економска соработка) и Источноазискиот самит.