Единсон Кавани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Единсон Роберто Кавани Гомес[1](роден на 14 февруари 1987 година) — уругвајски фудбалер кој игра на позицијата напаѓач за Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Уругвај. Како многу плоден стрелец, Кавани е добро познат по својата импресивна способност за постигнување голови и неговата неуморна работа на теренот. Во 2012 година, Кавани бил поставен на 10-тото место на списокот на The Guardian за 100-те најдобри фудбалери во светот.[2]
Единсон Кавани | |||
---|---|---|---|
Кавани со репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во фудбал во Русија 2018 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 22 мај 1987(1987-05-22) (36 г.) | ||
Роден во | Салто, Уругвај | ||
Држава | Уругвај | ||
Висина | &100000000000001840000001,84 м | ||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
Данубио | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005-2007 | Данубио | 25 | (9) |
2007-2010 | Палермо | 109 | (34) |
2010-2013 | Наполи | 104 | (78) |
2013–2020 | Париз Сен Жермен | 200 | (138) |
2020– | Манчестер Јунајтед | 6 | (13) |
Репрезентација ‡ | |||
2008- | Уругвај | 118 | (51) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010 |
Кавани ја започнал својата кариера играјќи за Данубио во Монтевидео, каде што тој играл две години, пред да се пресели во италијанската клуб Палермо во 2007 година. Тој поминал четири сезони во клубот, постигнувајќи 34 гола во 109 лигашки натпревари. Во 2010 година, Кавани потпиша за Наполи, кој го довел во својте редови на првичен заем пред да го откупат неговиот договор за вкупен надомест од 17.000.000 €. Во сезоната 2011-12, тој го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Италија, во кој тој бил најдобар стрелец со 5 гола. Кавани постигнал по 33 гола во својте две први сезони во Наполи во сите натпреварувања, а во третата го подобрил својот скор за уште четири гола завршувајќи со 37.
Кавани е репрезентативец на Уругвај, а своето деби го направил во натпреварот против Колумбија на 6 февруари 2008 година. Тој оттогаш учествувал на два големи турнири, на Светското првенство 2010 и Копа Америка 2011. Тој постигнал еден гол на Светско првенство 2010, за да му помогне на Уругвај да дојде до четвртото место на турнирот. Тој потоа победил на Копа Америка 2011 со Уругвај, што била рекордна 15 титула на Копа Америка за Уругвај.