Камењарче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Камењарчето (науч. Arenaria interpres) е мала крајбрежна птица, една од двата вида на родот Arenaria. Сега е класифицирана во семејството на мочварките (Scolopacidae), но порано понекогаш беше сместувана во семејството на блатарките (Charadriidae). Таа е целосно птица преселница која се размножува во северните делови на Евроазија и Северна Америка и лета на југ за да зимува на крајбрежјата речиси во целиот свет. Ја има и во Македонија.
Кратки факти Камењарче, Заштитен статус ...
Камењарче | |
---|---|
Возрасен со перје во сезона на парење | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Мочварки |
Род: | Arenaria |
Вид: | Камењарче |
Научен назив | |
Arenaria interpres (Linnaeus, 1758) | |
Затвори