Копа Америка 2011 Група Ц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Групата Ц од Копа Америка 2011 е една од трите групи од првата фаза на Копа Америка 2011. Во нејзе учествуваат Уругвај, Чиле, Мексико, и Перу. Победникот од оваа група ќе се соочи со второ-пласираниот од групата Б, а второ-пласираниот ќе се соочи со победникот од Групата А во четвртфиналето. Натпреварите во оваа група започнаа на 4 јули и завршија на 12 јули.