Фудбалска репрезентација на Чиле
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Чиле го претставува Чиле на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Чиле која е основана во 1895 година. Репрезентацијата е позната како La Roja („црвените“).[1][2][3] Чиле досега настапил на девет Светски првенства и биле домаќини на Светското првенство 1962 каде што завршиле на третото место, што до денес е нивниот најдобар пласман на турнирот.
Прекари(и) | La Roja (црвените) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалска федерација на Чиле | ||
Конфедерација | КОНМЕБОЛ | ||
Селектор | Мартин Ласарте | ||
Капитен | Клаудио Браво | ||
Најмногу настапи | Алексис Санчес (139) | ||
Најдобар стрелец | Алексис Санчес (46) | ||
Домашен стадион | Хулио Мартинес Праданос | ||
ФИФА код | CHL | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 23 (16 септември 2018) | ||
Највисок | 3 (април 2016) | ||
Најнизок | 84 (декември 2000) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Аргентина 3–1 Чиле (Буенос Аирес, Аргентина; 27 мај 1910) | |||
Најголема победа | |||
Чиле 7–0 Венецуела (Сантјаго, Чиле; 29 август 1979) Чиле 7–0 Ерменија (Брисел, Белгија; 28 февруари 2001) Мексико 0-7 Чиле (Санта Клара, САД; 18 јуни 2016) | |||
Најлош пораз | |||
Бразил 7–0 Чиле (Рио де Жанеиро, Бразил; 17 септември 1959) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 9 (првпат во 1930) | ||
Најдобар резултат | трето место 1962 | ||
Копа Америка | |||
Учества | 40 | ||
Најдобар резултат | шампиони, 2015, 2016 |
Чиле ја освоил својата прва титула на Копа Америка, на изданието во 2015 на кое биле домаќини, победувајќи ја Аргентина во финалето.[4] Следната година, тие успешно ја одбраниле титулата совладувајќи ја повторно Аргентина во финалето на Копа Америка Сентенарио во САД.[5] Претходно, најголемиот успех на Чиле на Копа Америка било второто место кое го освоујувале во четири наврати.