Фудбалска репрезентација на Перу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Перу го претставува Перу на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Перу (ФПФ). Таа претставува една од 10-те членки на ФИФА кој доаѓаат од Јужноамериканска фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).
Прекари(и) | La Blanquirroja (Бело-црвени) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | ФПФ | ||
Конфедерација | КОНМЕБОЛ | ||
Селектор | Рикардо Гарека | ||
Капитен | Паоло Гереро[1] | ||
Најмногу настапи | Роберто Паласиос (128)[2] | ||
Најдобар стрелец | Паоло Гереро (35)[3] | ||
Домашен стадион | Насионал | ||
ФИФА код | PER | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 20 (25 октомври 2018) | ||
Највисок | 10 (октомври 2007) | ||
Најнизок | 91 (септември 2009) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Перу 0 - 4 Уругвај (Лима, Перу; 1 ноември, 1927) | |||
Најголема победа | |||
Перу 9 - 1 Еквадор (Богота, Колумбија; 11 август, 1938) | |||
Најлош пораз | |||
Бразил 7 - 0 Перу (Санта Крус де ла Сиера, Боливија; 26 јуни, 1997) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 5 (првпат во 1930) | ||
Најдобар резултат | четвртфинале, 1970 и 1978 | ||
Копа Америка | |||
Учества | 29 | ||
Најдобар резултат | шампиони, 1939 и 1975 | ||
КОНКАКАФ Голд куп | |||
Учества | 1 (Прво во2000) | ||
Најдобар резултат | полуфинале, 2000 |
Перу бил победник на Копа Америка двапати и се квалификувал на завршницата на Светските првенства пет пати (последно во 2018); исто така, учествувале на Летните олимписки игри 1936 и се пласирале во полуфиналето на КОНКАКАФ Голд купот во 2000 година.
Перуанската фудбалска репрезентација е добро позната по своите бели дресови украсени со дијагонална црвена лента, која ги комбинира националните бои на земјата. Овој основен дизајн се користи континуирано од 1936 година и на репрезентацијата и го донел прекарот од шпански јазик "la Blanquirroja" или во превод "бело-црвените".[4] Перуанските фудбалски навивачи се познати по нивната препознатливо извикување "¡Arriba Perú!" (превод на мак. "Напред Перу!").[4] Најголемиот дел од својте домашни натпревари, репрезентацијата ги игра на Стадион Насионал во главниот град Лима. Перу има долгогодишни соперништва со репрезентациите на Чиле и Еквадор.
Најдобриот стрелец на репрезентацијата на сите времиња е Паоло Гереро, со 35 гола,[3] а играчот со најмногу настапи е Роберто Паласиос, со 128 настапи.[2] Моментален селектор на репрезентацијата е Рикардо Гарека, под чије водство Перу го освоил третото место на Копа Америка 2015, стигнал до четвртфиналето на Копа Америка Сентенарио и учествувал во групната фаза на завршницата на Светското првенство 2018.