Копа Америка 1975
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужноамериканско првенство во фудбал 1975, попознато како Копа Америка 1975 — 30-то издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Бразил од 17 јули до 28 октомври 1975 година. За прв пат, првенството немало фиксен домакин, туку сите натпревари се играле во текот на пет месеци во секоја земја која зела учество на турнирот. На турнирот учествувале 10 репрезентации.
Копа Америка 1975 | |
---|---|
Лого на првенството | |
Податоци за првенството | |
Датум на одржување | 17 јули — 28 октомври 1975. |
Екипи | 10 (од 1 конфедерација) |
Стадиони | 12 (во 11 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Шампион | Перу (2-ри) |
Второ место | Колумбија |
Трето место | Бразил |
Четврто место | Уругвај |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 25 |
Постигнати голови | 79 (3.16 по натпревар) |
Гледачи | 1,053,000 (0 по натпревар) |
Голгетер | Колумбија Е. Дијаз Аргентина Луке (по 4 гола) |
Најдобар играч | Перу Кубиљас[1] |
1979 → |
Турнирот бил освоен од страна на Перу [2] кој во финалето ја совладал репрезентацијата на Колумбија. Во полуфиналето се натпреварувале Перу и Бразил. Во првиот натпревар Перу победил со 3:1, додека во вториот натпревар Бразил победил со 2:0. Со ова резултатот бил израмнет на 3:3. Федерациите на Бразил и Перу донеле одлука со ждрепка да го одлучат победникот. Се шпекулирало дека ќерката на перуанскиот функционер Теофило Салинас извадила пластично замрзнато ливче, на кое пишувало „Перу“ од гласачката кутија. Поранешните играчи Перси Рохас и „Панадеро“ Дијаз еднаш коментирале за ова: „Не знам, но легендата вели дека Салинас го оладил гласачкото ливче пред ждрепката, а девојката го земала најстуденото“, изјавил Перси. „Важно е што Перу отиде во финалето, ја победивме Колумбија и бевме шампиони. Останатото се шпекулации“, изјавил Бејкер.[3].