Копа Америка 2019
From Wikipedia, the free encyclopedia
Копа Америка 2019 — 46. издание на Копа Америка, главниот меѓународен фудбалски турнир за репрезентациите од Јужна Америка, организиран од страна на КОНМЕБОЛ.
Кратки факти Копа Америка 2019 CONMEBOL Copa América Brasil 2019, Податоци за првенството ...
Копа Америка 2019 CONMEBOL Copa América Brasil 2019 | |
---|---|
2019 Copa América official logo Vibra o Continente (Vibra el Continente) | |
Податоци за првенството | |
Земја | Бразил |
Датум на одржување | 14 јуни – 7 јули |
Екипи | 12 (од 2 конфедерации) |
Стадиони | 6 (во 5 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Прво место | Бразил (9. титула ) |
Второ место | Перу |
Трето место | Аргентина |
Четврто место | Чиле |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 26 |
Постигнати голови | 60 (2.31 по натпревар) |
Гледачи | 855.861 (32.918 по натпревар) |
Голгетер | Евертон Паоло Гереро (по 3 гола) |
Најдобар играч | Дани Алвес |
Најдобар голман | Алисон |
Фер плеј награда | Бразил |
← 2016 2020 → |
Затвори
Турнирот се одржал во Бразил од 14 јуни до 7 јули 2019. Вкупно 12 репрезентации учествувале на турнирот, 10 од Јужна Америка и две земји гостинки од Азија Јапонија и Катар. Чиле влегол во турнирот како бранител на титулата од претходните две изданија во 2015 и 2016 година.
Бразил ја освоил титулата на Копа Америка 2019, нивна деветта во историјата, победувајќи го Перу со 3-1 во финалето.[1] Аргентина го освоила третото место на турнирот победувајќи го Чиле со 2-1 во натпреварот за третото место.[2]