Коса (јазик)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Коса (isiXhosa) — еден од службените јазици на Јужноафриканската Република и дел од групата на нгунски јазици. Коса е зборуван од околу 7,9 милиони луѓе или 18% од вкупното население на државата. Како и останатите банту-јазици, коса е тонски јазик, односно истата согласка или самогласка може да има различно значење ако се каже со повисок или понизок тон. Една од најголемите одлики за овој јазик е присуството на чкрапави согласки. Самите согласки при изговор звучат како чкрапање или други призвуци во устата, така што и самиот збор „коса“ на почетокот е проследен со чкрапав звук.
Коса | ||||
---|---|---|---|---|
isiXhosa | ||||
Застапен во | Јужноафриканска Република, Лесото | |||
Подрачје | Источен Кејп, Западен Кејп | |||
Народ | Коса, Бака | |||
Говорници | 7,6 милиони (2007)[1] | |||
Јазично семејство | нигер-конгоански
| |||
Статус | ||||
Службен во | ЈАР | |||
Јазични кодови | ||||
ISO 639-1 | xh | |||
ISO 639-2 | xho | |||
ISO 639-3 | xho | |||
Linguasphere | 99-AUT-fa вклуч. варијанти од 99-AUT-faa до 99-AUT-faj + 99-AUT-fb (isiHlubi) | |||
Гатриев код | S.41[2] | |||
Географска распространетост на коса во ЈАР
| ||||
|
Јазикот коса | |
лице | umXhosa |
народ | amaXhosa |
јазик | isiXhosa |
држава | kwaXhosa |
Коса јазикот се пишува со латинична азбука. Во јазикот постојат три чкрапави звуци, односно се бележат со следните букви: „c“ го претставува забната чкрапка, „X“ го претставува страничната чкрапка и „q“ го претставува непчената чкрапка. За разлика од останатите тонални јазици во светот, во коса не се бележат тоновите при пишување.