Банту-јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Банту-јазици — група јазици од семејството на нигер-конгоански јазици кои се одликуваат со аглутинативност[1]. Во групата влегуваат околу 250 јазици според критериумот на заемoразбирливост,[2] иако во многу случаи е тешко да се утврди кој е посебен јазик а кој е наречје (Ethnologue дава бројка од 535 јазици).[3] Географски, јазиците се застапени источно и јужно од денешен Камерун, т.е. во централна, источна и јужна Африка. Во овие подрачја има и јазици од други семејства (вид. карта).
Банту-јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | потсахарска Африка, претежно јужна полутопка |
Класификација: | нигер-конгоански |
Гранки: |
области A–S (географски)
боанска
североисточна банту
руфиџиско–рувуманска
рукванска
сабиска
ботатве
каванго-југозападна
итн.
|
ISO 639-2 и 639-5: | bnt |
Распределба на банту-јазиците наспроти другите нигер-конгоански јазици во рамките на Африка. |
Според Ethnologue, неколку од најзастапени јазици во Африка припаѓаат на оваа група, вклучувајќи ги шона и зулу.[4] Од нив највеќе говорници има свахили - 80 милиони луѓе во осум земји (бројката секојдневно расте). Шона има 10,8 милиони говорници во Зимбабве. Потоа доаѓа зулу со 10,3 милиони.[5] Ethnologue ги наведува мањика и ндау како посебни јазици, но говорниците на шона ги сметаат за две од петте наречја на нивниот јазик. Ако кон шона ги вброиме и 3,4 милиони говорници на мањика и ндау, тогаш добиваме 14,2 милиони говорници на шона како прв јазик.
Се смета дека банту-јазиците водат потекло од подрачјето што го опфаќаат денешните држави Нигерија и Камерун.[6] Пред 2500–3000, години, говорниците на првобитниот „прабанту“ почнале да се раселуваат на исток и на југ - голема преселба што траела илјадници години. Со овие преселби, Банту-народите ја населиле потсахарска Африка и го распространиле земјоделскиот начин на живот.[6][7]
Поимот „банту“ значи луѓе, и како таков е застапен во јазиците што ги опфаќа групата. Заедничка одлика за овие јазици се зборовите како muntu или mutu (лице, човек), а множинската претставка за човечки именки што почнуваат на mu- (класа 1) во највеќето јазици е ba- (класа 2), па така се добива bantu (луѓе, народ).