Куќа на Гоговци (Лерин)
куќа во Лерин, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Куќа на Гоговци (грчки: Οικία Γκώγκου) — куќа во градот Лерин, Егејска Македонија, прогласена за споменик на културата.[1]
Кратки факти Куќа на Гоговци, Општи податоци ...
Куќа на Гоговци | |
---|---|
Οικία Γκώγκου | |
Куќата на Гоговци (најлево). Десно е катедралата „Св. Пантелејмон“ | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | неокласицизам, еклектизам |
Град | Лерин, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Координати | 40.7781° СГШ; 21.4056° ИГД / 40.7781; 21.4056 |
Завршена | XX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Затвори
Куќата се наоѓа во градскиот центар (Варошот). Сместена е на улица „Тагматархис Фуледакис“ бр. 2, на раскрсницата со булеварот „Елевтерија“. Предницата гледа во Сакулева Река. Изградена е на почетокот на XX век. Нејзин сопственик бил Атанас Гогов. Архитектурата е успешен спој од неокласични и еклектични елементи.[1]
Во 1996 г. куќата е прогласена за споменик на културата.[1]