Маорски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маорскиот (te reo Māori) е полинезиски јазик и мајчин јазик на староседелското население на Нов Зеланд - Маорите. Јазикот е еден од трите официјални јазика во државата, прогласен како таков во 1987 година. Маорскиот е дел од групата на источнополинезиски јазици и е сроден со куковоостровскиот маорски, туамотскиот и тахитскиот јазик. Според истражувањето од 2001 година, бројот на возрасни луѓето кои течно го зборуваат јазикот се движи на околу 9% од вкупното маорско население, илиу 29.000 возрасни лица.[2]
Кратки факти Маорски јазик, Застапен во ...
Маорски јазик | |||
---|---|---|---|
te reo Māori | |||
Застапен во | Нов Зеланд | ||
Подрачје | Полинезија | ||
Народ | Маори | ||
Говорници | 60,000 (2011) 160.000 секојдневен разговор (попис 2006)[1] | ||
Јазично семејство | австронезиско
| ||
Писмо | латиница (маорска азбука) | ||
Статус | |||
Службен во | Нов Зеланд | ||
Регулативен орган | Маорска јазична комисија | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | mi | ||
ISO 639-2 | mao (B) mri (T) | ||
ISO 639-3 | mri | ||
|
Затвори