Политичко влијание на Ватикан во Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Политичкото влијание на Ватикан во Македонија или понекогаш именувано како католичка пропаганда во Македонија започнало да дејствува во втората половина на XVI век и со прекини се чувствувала сè до почетокот на XX век. Главна цел на оваа пропаганда била да се шири влијанието и власта на Римокатоличката црква. Треба да се истакне дека оваа пропаганда била поставена врз верска основа, но со политичка цел. Католичката пропаганда не дејствувала ретроградно врз македонското националноослободително дело и не го загрозувала македонскиот национален индивидуалитет.