Реџо Калабрија
општина во Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Реџо Калабрија (италијански Reggio di Calabria) — град во Јужна Италија кој е на прво место по старост, географски обем и број на жители. Реџо Калабрија е главен град на истомената провинција и седиште на Регионалниот совет на Калабрија. Со своите 186.006 жители оваа општина е на осумнаесеттото место во Италија по бројот на население.
Општинската територија - дефинирана на почетокот на XX век како "Grande Reggio" - сместена е во една поголема област во која живеат околу 260.000 жители.
Овој град традиционално е наречен „Град на Фата Морганата“ бидејќи овде се појавува реткиот оптичко-митолошки феномен на Фата Морганата за време на кој сицилијанскиот брег се чини дека е оддалечен само неколку метри и така е можно да се видат јасно куќите, автомобилите и луѓето.
Реџо се наоѓа во центарот на туристичка област која има огромно историско-културно и приморско значење. Тоа е универзитетски град сместен во центарот на земјоделска зона која е особено плодна благодарение на благата клима и која е погодна за производство на масло од маслинки, вино, агруми и зеленчук, меѓу кои карактеристично е производството на есенција од бергамот, еден вид на кисело овошје кое го дава својот најдобар квалитет во светот исклучиво на територијата на Реџо и токму поради тоа бергамот станал еден од симболите на градот.