Тартски договор (Русија-Естонија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тартски мировен договор (естонски: Tartu rahu, буквално „Тартски мир“) или Договорот од Тарту — мировен договор помеѓу Естонија и Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) потпишан на 2 февруари 1920 година со кој завршила борбата за независност на Естонија. Условите во договорот наведувале дека „Русија безусловно“ ја признава независноста на Република Естонија (де јуре) и засекогаш се откажува од правата за поседување на територијата на Естонија. Ратификациите на договорот биле разменети во Москва на 30 март 1920 година. Бил впишан во списокот на договори на Друштвото на народите на 12 јули 1922 година.[1]
За други значења на поимот, погл. Тартски договор (појаснување).