Фудбалска репрезентација на Белгија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Белгија ја претставува Белгија на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Кралската фудбалска асоцијација на Белгија. Формирана е 1990 година.
Прекари(и) | Црвените ѓаволи | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Кралска фудбалска асоцијација на Белгија | ||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Роберто Мартинес | ||
Капитен | Еден Азар | ||
Најмногу настапи | Јан Вертонген (105) | ||
Најдобар стрелец | Ромелу Лукаку (40) | ||
Домашен стадион | Стадион Крал Бодуен | ||
ФИФА код | BEL | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 3 (јуни 2018)[1] | ||
Највисок | 1 (ноември 2015)[1] | ||
Најнизок | 71 (јуни 2007)[1] | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Белгија 3–3 Франција (Укел, Белгија; 1 мај 1904) | |||
Најголема победа | |||
Белгија 9–0 Замбија (Брисел, Белгија; 4 јуни 1994) Белгија 10–1 Сан Марино (Брисел, Белгија; 28 февруари 2001) Белгија 9-0 Гибралтар (Лиеж, Белгија; 31 август 2017) | |||
Најлош пораз | |||
Англија (аматери) 11–2 Белгија (Лондон, Англија; 17 септември 1909) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 13 (првпат во 1930) | ||
Најдобар резултат | трето место 2018 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 5 | ||
Најдобар резултат | финале, 1980 |
Репрезентацијата е под глобална јурисдикција на ФИФА, во Европа е управувана од страна на УЕФА - откако и двете федерации биле ко-основани од надзорното тело на белгиската репрезентација, Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA). Периодите на редовна белгиска застапеност на највисоко меѓународно ниво, од 1920 до 1938 година, од 1970 до 2002 година и повторно од 2014 година наваму, наизменично се менувале со претежно неуспешни квалификациски кругови. Повеќето домашни натпревари Белгија ги игра на Стадионот Крал Бодуен во Брисел.
Белгиската фудбалска репрезентација учествувала на три големи четиригодишни фудбалски натпреварувања. Се појавиле во завршната фаза на тринаесет Светски првенства и пет Европски првенства на УЕФА, а настапиле и на три олимписки фудбалски турнири, вклучувајќи го и Олимпискиот турнир во 1920 кој го освоиле. Други позначајни резултати се победите над четири Светски шампиони - Западна Германија, Бразил, Аргентина и Франција - во периодот помеѓу 1954 и 2002 година. Белгија има долгогодишно фудбалско соперништво со своите соседи Холандија и Франција, играјќи против двата тима речиси секоја година од 1905 до 1967 година. Прекарот на репрезентацијата е познат како Црвените ѓаволи и така се нарекуваат уште од 1906 година; нејзиниот навивачки клуб е наречен „1895“.
За време на репрезентативната играчка кариера на напаѓачот Пол Ван Химст, најомилениот белгиски фудбалер од 20 век, Белгија го освоила третото место на Евро 1972. После тоа, тие доживеаја две златни доби со многу надарени играчи. Во првиот период, кој траел од 1980-тите до раните 1990-ти, екипата завршила како второпласирана на Евро 1980 и како четврта на Светското првенство 1986. Во втората, под водство на Марк Вилмотс во 2010 година, Белгија стигнала до четвртфиналето на Светското првенство 2014 и се нашла на врвот на Ранг-списокот на ФИФА за првпат во ноември 2015. По заминувањето на Вилмотс белгиската репрезентација ја преземал Роберто Мартинес, со кој настапувале на Светското првенство 2018.