Јаков
пророк од Библијата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јаков (хебрејски: יַעֲקֹב), познат и како Израил — третиот од библиските патријарси (праотци) во Стариот завет; најмладиот од синовите близнаци на патријархот Исак и Ревека, која се породила по дваесет години бесплоден брак. Татко на 12 сина, предци на Израилевите племиња. Почитуван во сите аврамски религии: во јудаизмот, христијанството и исламот (како Јакуб).[1]
Кратки факти Јаков, Почивалиште ...
Јаков | |
---|---|
יַעֲקֹב | |
„Јаков се бори со ангелот“, од Рембрант | |
Почивалиште | Махпела, Хеврон 31.5247° СГШ; 35.1107° ИГД / 31.5247; 35.1107 |
Познат(а) по | Јакововата скала |
Сопружник |
|
Деца |
|
Родители | |
Роднини |
Затвори
Јаков е познат и како Израил, што го добил според легендата, затоа што „се борел со Бога“, па дури успеал да го победи и да му ги грабне благословите. Се чини дека Јаков го обожавал Јехова, кој е посочен како богот со кој се борел (ова се случило, според Библијата, во близина на реката Јавок — веројатно култниот центар на Јехова во таа епоха).[2]